Екипата со најбројна публика зад себе, игра во ново руво и со нови сили, а првата радост дојде уште во вторто коло против тимот на Куманово, со 85:72. Ова беше ревитализација за тимот кој доживеа пораз во претходното коло во Кавадарци, со лоша последна четвртина.
Најдобар стрелец и поединец на мечот кај домаќинот, беше Тодоровиќ со 23 поени. Ворку постигна 20 поени, Силаџи имаше 13, а домашниот херој Ефремовски постигна 12. Кумановци ги предводеше Кајлеб со 15 поени, Зивчевиќ и Настовски постигнаа по 13.
e here