Пелистер имаше резултатски проблеми со Феникс во во првото полувреме, но славеше со 86:74 (26:25, 19:23, 30:12, 11:14) и остана непоразен по три кола во првенството. Скопскиот тим го прокнижи вториот пораз, во дебитантската прволигашка сезона.
Стајиќ со 13 поени, со 5 скока и 8 асистенции, патем и со висок процент на реализација (1/1 за 2, 3/4 за 3) од поле имаше највисок индекс (19) кај домашните. Кај гостите, Кларк постигна 20 поени, со 4 скока и 6 асистенции, додека Морган имаше 18 поени со 10 скока.
