Феникс успешно ја продолжува првата своја прволигашка кампања, со нова победа, извојувана по продолженијата против Ангели со 83:80 (74:74).
Андреј Митревски имаше 23 поени, Морган реализира дабл-дабл со 17 поени и 16 скока. Кај гостите, Васар и Делоски постигнаа по 19 поени.
Феникс е на 4-та позиција на табелата со 2/2, а екипата на Ангели се уште не и се израдувала на победата во првите 4 натпревари во првата лига.
