Кавадарчани се изборија за позитивен резултат во првиот и третиот период, но не успеаја комплетно да му парираат на актуелниот првак и загубија од МЗТ Скопје Аеродром со 69:75 (21:17, 11:25, 18:7, 19:26), во третото коло од домашното првенство.
Дамјан Стојановски имаше 18 поени, со 5 скока и 3 асистенции, Николов реализира 13, Мекиќ 12 поени за победникот. Кај поразените, се истакнаа Самарџиски со 9 поени и 15 скока и 2 асистенции, односно Дејвис и Џекиќ со по 13 постигнати поени.
