Победникот играше со 7 играчи, а поразениот со 8, во вечното дерби на македонската кошарка, во кое Работнички славеше во Аеродром со 74:75 против МЗТ Скопје.
Во редовите на гостите, на паркетот се појавија само Мулалиќ (16), Бундовиќ (16), Питс (11), Торнтон (14), Младеновиќ (10), Младеновски (6) и Ефремовски (2).
Кај домаќините играа Мекиќ (18), Крстевски (15), Гравет (15), Олуџоби (14), Тарнер кој потфрли со само 4 поени, Карачиќ (5) од клупата, заедно со Бакоч (2) и Николов (1).
Останатите пријавени во записникот не настапија, кој поради повреда, кој поради прележан коронавирус, а на трибините имаше повредени и нови играчи кои ќе ги видиме во следниот период.
e here