Вардар го плати цехот и беше поразен со 82:66, по поразот на аеродромци во вечното дерби во претходната (заостаната) рунда. Бојиќ имаше 19 поени со 11 скока, Дамјан Стојановски се врати на паркетот и постигна 15 поени.
Со враќањето на капитенот, кој отсуствуваше пореди ковид-рехабилитација, МЗТ Скопје сега има 11 победи од 17 натпревари на 9-та позиција, додека црвено-црните имаат 4 победи и 16 порази, на претпоследната позиција на табелата.
