Репрезентативниот центар ја има лидерската улога во редовите на нашата најтрофејна екипа, што се покажа и на дербито во Аеродром, во кое Работнички славеше со 74:75 и има скор 2:0 во меѓусебните дуели во регуларниот дел од актуелната сезона (94:90).
Младеновски немаше многу поени, само 6, со шут од поле 3/4 (75%), без загубена топка, со 10 скока, со една асистенција, со една украдена топка и со највисока валоризација од 20 индексни поени, најмногу на натпреварот, со што го заслужи епитетот МВП.
