Домаќините во елемент на последните седум натпревари, во кои извојуваа исто толку победи, ја отворија средбата со фаворитот и имаа над 53% успешност зад линијата за 3 поени, што беше надополнето со одличниот Рикиќ под обрачите.
Дури во третата четвртина, дојде првото водство на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, кога целосно се распадна играта на кавадарчани и целиот труд одработен во првите 25 минути.
Металците до крајот доминираа и можеби и преубедливо го решија натпреварот, со конечните 81:96 (25:21, 23:24, 17:30, 16:21). Рикиќ кај домаќинот имаше 18 поени со индекс на корисност 25, додека кај штрковите Магдевски постигна 19 поени со индекс 23.
