Диме Тасовски престана со активното играње кошарка, играчот кој остава длабок печат во македонската кошарка. Неговите настапи во Жито Вардар, Работнички, Струмица, ФЕНИ, Соколи и Гостивар се голем залак за генерациите што доаѓаат.
Гостиварчани, неговиот последен клуб во македонската елита, кратко и јасно го опиша големиот кошаркар:
„Чест ни беше што таква големина на македонската кошарка беше кај нас цели четири сезони. Ти благодариме за сè. Среќна пензија! Секогаш дел од Гостивар.“ - стои во објавата на гостиварчани на социјалните мрежи.
e here