МАКЕДОНИЈА

Тасовски во пензија, остави широки патики за следбениците

Диме Тасовски престана со активното играње кошарка, играчот кој остава длабок печат во македонската кошарка. Неговите настапи во Жито Вардар, Работнички, Струмица, ФЕНИ, Соколи и Гостивар се голем залак за генерациите што доаѓаат.

Гостиварчани, неговиот последен клуб во македонската елита, кратко и јасно го опиша големиот кошаркар:

„Чест ни беше што таква големина на македонската кошарка беше кај нас цели четири сезони. Ти благодариме за сè. Среќна пензија! Секогаш дел од Гостивар.“ – стои во објавата на гостиварчани на социјалните мрежи.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top