Екипата на Феникс славеше против Ангели со 74:62 во дуелот на двата нови прволигаша, кои од следната сезона за првпат во своето постоење ќе ја почувствуваат магијата на елитната кошарка во Македонија.
Дуелот беше скоро ревијален, затоа што двете екипи имаа обезбедено прволигашки статус, но ова воедно беше и натпревар да се покаже кој и колку ја посакуваше Првата лига и е подготвен за предизвикот.
Најдобри поединци во победата на Феникс беа Андоновски со 21 постигнат поен, односно Димитриески и Хот со по 13 поени. Кај поразените се истакна Митевски со 16 постигнати поени, пред Стојановски со 15.
