Македонската кошаркарска перјаница со стил славеше против Академија ФМП и со 5/2 се наоѓа на втората позиција на табелата во домашното првенство, а гостинската екипа го прокнижи третиот пораз и моментално е на 6-та позиција, која последна води во Суперлигата.
Во победата 100:77, Џексон Пол реализира 35 поени за победникот, Мустафица додаде 29, а Горјан Марковски беше најдобар меѓу македонските кошаркари со 16 постигнати поени. Кај поразените, Крстајиќ имаше 18 поени, додека Леонид Тодоровски постигна 16 поени.
