На мечот Феникс - Гостивар (87:81) во рамките на 6-то коло во нашата премиерна кошаркарска конкуренција, уловивме кадар во кој ги гледаме Виктор Ефремовски и Андреј Митревски. Првиот има 23, вториот 18 години.
Никогаш не ја доби шансата во Работнички и наместо да напредува, назадуваше во кариерата. Во Гостивар ја добива шансата што ја заслужува - Виктор Ефремовски (Фотографијата е сопственост на basketball.mk и не смее да се користи без дозвола на медиумот).
Двајцата имаат сениорско искуство, со нашата А репрезентација. Виктор сезонава полека почнува да ја добива шансата да игра редовно на клупско ниво во родниот град, а Андреј е меѓу носителите на играта во матичната екипа.
Македонија добива ѕвер во Андреј Митревски, кој се уште е млад да биде прогласен за голем играч, но има огромен потенцијал (foto: fiba.basketball).
На двајцата им посакуваме што побрзо да ги достигнат своите идеи и да го изреализираат својот потенцијал, затоа што тие се дел од генерацијата која ќе ја преземе одговорноста во сениорската репрезентација на Македонија.
