Екипата од Тафталиџе ја почна лошо средбата против Еуро Никел, имаше само 12 постигнати поени во првата четвртина и негатива на полувремето, но финишира со стил, со серија 50:20 за 15-тина минути, за конечната победа од 85:71.
Домашните се разбудија при најголемото водство на гостинот (35:51), во третиот период. Хортон со 23 и Костоски со 20 поени, го предводеа домашниот тим до убедливиот триумф. Самарџиски со 16 поени беше најдобар стрелец кај кавадарчани.
e here