ЕВРОПА

Турско дерби, под европска капа, со македонски диригент

Насловната фотографија е од лична колекција и не смее да се користи без дозвола од сопственикот или од порталот basketball.mk.

Натпреварот што се одигра во рамките на 1-то коло во најквалитетното европско клупско натпреварување, Евролига (ж) во организација на ФИБА Европа, имаше и македонски претставник. Нашиот делегат Диме Терзовски, беше прв човек на големото турско и европско дерби, дуелот меѓу Галатасарај и Фенербахче.

FOTO: FIBA

„Искуството да се биде дел од едно вакво натпреварување и ваков натпревар, е уникатно. Во салата беа присутни околу 700 лица, во публиката, поради ковид протоколите во Турција. Од страна на организаторот домаќин, во случајов Галатасарај, организацијата беше беспрекорна.

FOTO: FIBA

Се врати чувството од нашите првенствени натпревари и натпреварите ширум балканските земји, од пред Ковид-19 пандемијата, пред 2 години. Иако ова беше натпревар во рамките на европско натпреварување, сепак и на теренот и на трибините, се почувствува жар и страст во играта и во навивањето, како што може да се почувствува само кога балканската крв ќе зоврие.“

FOTO: FIBA

Во второто полувреме, Фенербахче како гостин направи резултатска разлика и победи со 69:89. Стекнатото искуство од вакви и слични натпревари, секако е големо и треба да биде пренесено на нашите терени, со цел унапредување на организацијата на натпреварите во нашите лиги.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top