Лидерот во македонската прволигашка конкуренција сезонава, игра одлична кошарка. Агресивно во одбраната и ефектно во нападот, што резултира со 13 победи во 15 натпревари.
Битолчани имаат далеку најдобар просек по натпревар (100.9), од останатите конкуренти за висок пласман, на пример двата вечни ривала и двигатели на македонската кошарка, шампионот МЗТ Скопје Аеродром (89.4) и најтрофејниот Работнички (85.1).
Од битолски Пелистер, сезонава најмалку по 100 поени примија Еуро Никел (75:102), ФМП Академија (100:72), Вардар (80:105), Кожув (102:81), Работнички (81:105), Црн Дрим (70:102), Куманово (113:75), Вардар (122:72) и МЗТ Скопје 2 (104:66).
e here