Пелистер беше убедлив против Еуро Никел во „Јасмин“ со 75:102, за 13-та победа и задржување на врвот, сезонава, во Првата македонска лига. На почетокот домаќините поведоа, но до полувремето беше воспоставена очекуваната рамнотежа, со 38:58.
Кесар беше прв стрелец со 26 поени, Вилијамс реализира 23 поени со 10 асистенции. Малешевиќ постигна 17 поени, Бојан Трајковски имаше 14 поени. Во редовите на кавадаречниот тим, предводеше најискусниот, Мијатовиќ кои имаше 12 поени.
