Романскиот клуб и официјално потврди дека нашиот стратег Александар Тодоров, веќе не е тренер на овој колектив. По завршувањето на последниот меч претходната сезона, на прес-конференција, Тодоров најави дека нема да остане и дека планира да се врати дома.
Веќе две седмици, популарниот Ацо е во нашиот главен град и по три сезони поминати во Романија, се уште нема решено каде и во каква улога ќе ја продолжи кариерата. Пред Крајова, тој беше асистент во бугарскиот Левски и предводник на МЗТ Скопје Аеродром.
e here