МАКЕДОНИЈА

ПАВЛОВСКИ: Бадел секогаш се стреми кон врвот, не очекува возбудлива година, повторно внесовме свежина во женската кошарка

Македонската женска кошарка не може да се замисли без институцијата ЖКК Бадел. Тоа е актуелното име на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив кај дамите, кој во последните 15 сезони доминантно освои 10 титули во македонскиот шампионат.

Сезонава, Баделки беа првите што ја потврдија јадранската пловидба, играа во двете финалиња во нашите натпреварувања, пионерски ја модернизираа комуникацијата со публиката и се уште остануваат на стариот проверен рецепт – продукција на млади кадри.

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Првиот кошаркарски медиум во Македонија, зборуваше со првиот оперативец на ЖКК Бадел, Љупчо Павловски.

  • Бадел е првата македонска екипа што потврди учество во сениорската Јадранска лига WABA. Какви се амбициите во ова квалитетно натпреварување?

„По пауза од три години (2014-2017), повторно се решивме да настапуваме во Регионалната Јадранска лига (WABA) во која во наредната сезона ќе настапуваат екипи од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Оваа лига е најстара и најквалитетна регионална лига, оваа година слави јубилеј 20 години постоење по кој повод за време на одржувањето на Собранието на лигата (25.06.2021) во Славонски Брод ќе се одржи и мала прослава. Со оглед на силниот квалитет на екипите во лигата, нашите амбиции во ова натпреварување се да се претставиме во што е можно подобро светло и да оствариме неколку победи, со цел да обезбедиме учество во Суперлигата.“

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

  • Концентрацијата на вашиот клуб се домашните играчи, имате добра основа. Ќе се надоградувате со наши или со странски засилувања?

„Пресудно за пријавување учество во оваа лига беше задржувањето на постојниот состав на кошаркарки на клубот, што е солидна основа која ќе ја надополниме со една, до две домашни кошаркарки и со две странски засилувања, најверојатно на центарските позиции, затоа што имаме недостаток на висина.“

  • Бадел одамна работи на продукција на млади кадри, учествувавте и во младинската WABA лига. Продолжувате ли во тој тренд?

„ЖКК БАДЕЛ 1862 отсекогаш работел со успех на продукција на млади кошаркарки и секако ќе продолжиме по тој пат и понатаму. Доказ за ова е учеството на завршните Ф4 турнири во младинските М18, М16 и М14 конкуренции. Во континуитет од седум години настапуваме во Регионалната Јадранска лига во У17 и У15 конкуренција, продолжуваме и следната сезона со учество во лигата У17. Ова е многу значајно за развој на младите кошаркарки, со тоа што им се зголемува мотивот и интересот за посериозни тренинзи, воопшто интересот за кошаркарката и воедно имаат десеттина посилни натпревари кои се неопходни за стекнување самодоверба, искуство и побрз напредок. Севкупните трошоци за учество во лигата ги покрива клубот, во целост.“

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

  • Квалитетот на македонската женска кошарка минатата сезона одеднаш порасна, со враќањето на многу интернационалки во нашата лига. Има ли шанса да се задржи овој момент и во следната сезона?

„Измината сезона по многу нешта беше поразлична од минатото. Со системот на натпревари се овозможи Суперлига и Плеј-аут лига, затоа што по долго време ќе се формира и втора или прва Б лига, затоа што се зголеми бројот на екипите во женска конкуренција. Сепак, поради големите разлики во квалитет меѓу екипите, поради учеството на голем број млади кошаркарки дури и под 15 години во сениорска конкуренција, беше неопходно да се концетрира постојниот квалитет во помал број екипи. Затоа, од наредната сезона Првата лига ќе биде составена од осум екипи.

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Мора да се констатира дека во моментот во клубовите има сериозен недостаток на квалитетни сениорки, а КОВИД пандемијата сериозно ги намали буџетите на странските екипи. Прекините на првенствата и пролонгирањето на почетокот на Суперлигата, придонесе и за пролонгирање на преодниот рок во неколку наврати. Во меѓувреме заврши првенството во Србија, по што имаше слободни кошаркарки кои беа ангажирани од многу клубови од нашата лига (Струга, Крива Паланка, Вардар, Баскет Кам), во нашето првенство се врати и нашиот репрезентативен капитен Анџелика Митрашиновиќ, така што со едномесечно ангажирање на странски кошаркарки, во значителна мера се подобри квалитетот во и интересот за домашното првенство.

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Покрај сето ова, обврската на клубовите да обезбедат лајв-стрим и статистика во живо во Суперлигата овозможи за првпат поголем интерес и видливост на првенството за пошироката публика и секако за спортските медиуми. Во наредната сезона, искрено не верувам дека ќе се задржи овој момент, доколку конечно се стабилизира состојбата со КОВИД 19 во регионот и во светот и доколку се играат првенствата во нормални услови, затоа што ќе треба да се одвојат значително поголеми финансиски средства за ангажирање на странски кошаркарки кои ќе треба да се играат кај нас најмалку четири месеци, а цените на пазарот на слободни кошаркарки веќе се пораснати поради актуелното стабилизирање на пандемијата.

Од друга страна, висината на спортските ваучери не овозможува преголем комфор во финансиското работење на женските кошаркарски клубови.“

  • Амбициите на најтрофејниот женски колектив кај нас, секогаш се извлекување максимум од потенцијалот со кој располагате. Сезонава ги загубивте битките за титулите, но во минатото секогаш сте се враќале посилни. Го планирате истото и за наредната натпреварувачка кампања?

„Нашите амбиции од секогаш биле и ќе бидат највисоките дострели, но не вртоглаво и по секоја цена. Минатата сезона беше договорено составот на екипата да го градиме врз основа на домашни кошаркарки, девојки кои израснале во нашиот клуб, кои имаат емпатија и љубов кон клубот. Со враќаето на Александра Стојановка и Нена Трајчевска, се кренаа нивото на квалитетот и енергијата на целата екипа.

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Во спој со помладите кошаркарки, се создаде респектабилна екипа, но за жал како се приближуваше крајот на првенството, така се соочувавме со сериозни повреди на Сања Адамовска, нашиот капитен и плејмејкер го скина предниот вкрстен лигамент, потоа Јоловиќ Драгана имаше скршеница на носот, Цветанка Димова имаше повреда на скочниот зглоб непосредно пред почетокот на финалето на плеј-офот. Намалениот ростер од само пет сениорки, кои имаа голема минутажа и големо физичко трошење, не можеше да одигра на високо ниво до крај против силната екипа на Баскет Кам, која се засили во последниот месец со Анџелика Митрашиновиќ и со двете квалитетни српски инернационалки.

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Стратегијата на Бадел беше да им се даде шанса на помладите кошаркарки, да стекнуваат неопходно искуство и да го одиграме првенството до крај без странски засилувања, со цел наредната сезона да добиеме спортски ваучер со највисок износ и да заштедиме финансиски средства кои би ги искористиле за настапот во Јадранската лига. Воедно, оваа година во која поради пандемијата беше забавена динамиката, ја искористивме за поголема застапеност на клубот на социјалните мрежи и изработка и ставање во функција на нашата веб страница (WWW.WBCBADEL1862.COM.MK). Повторно први направивме исчекор и на овој план во женската кошарка. Од сите домашни натпревари во сите конкуренции, вршевме лајв-стрим и сите снимки се поставени на нашата веб-страница. За илустрација, само во месец мај имаме вкупно 4836 поединечни посети на нашата веб-страница со вкупно 68.996 отворени содржини, што е над сите наши оптимистички очекувања.“

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top