Нашата земја доби организација на два турнира во машка и еден во женска конкуренција, во периодот јули-август годинава. Европската куќа на кошарката, повторно ни укажа доверба, да организираме младински натпреварувања.
Во периодот 13-18 јули, во Скопје ќе играат кошаркарките У20. Нашата селекција е во Група Е, со репрезентациите на Романија, Словачка, Луксембург и Косово. Во периодот 3-8 август, кошаркарите У18 ќе играат во групата А, заедно со Шпанија, Србија, Хрватска, Германија и Грузија.
Во периодот 16-21 август, кошаркарите У16 ќе играат во група со Франција, Литванија, Грција, Русија и Романија, на ЕП од А дивизијата. Овие турнири, според новата номенклатура на ФИБА, го носат името „челинџер“.
Од другите активности, нашата машка У20 репрезентација, во Сопрон, Унгарија ќе игра против Швајцарија, Романија и Луксембург. Кошаркарките У18 ќе настапат во Софија, со селекциите на Словачка, Украина, Бугарија, Швајцарија и Албанија. Кошаркарките У16 ќе се соочат со Албанија, Малта и Ерменија во Тбилиси.
