Кошаркарскиот Суперкуп ќе го носи насловот „Драган Василов - Цевка“ во чест на големиот македонски кошаркарски учител кој минатата година ненадејно почина на 64-годишна возраст. Двата меча ќе се одиграат в сабота, во СРЦ „Кале“.
Баскет КАМ - Бадел 1862 (17:00 ч.)
МЗТ Скопје А. - Работнички (19:30 ч.)
Согласно со одлуката на Министерството на здравство, ограничен е бројот на седишта во салата на 30 % од капацитетот. Сите заинтересирани љубители на кошарката ќе мора да покажат документ за вакцинација, соопшти КФСМ.
e here