Домаќините, со мали исклучоци водеа во текот на целиот меч, имаа +25 во рамките на третиот период, но во финишот при 81:71 му дозволија на противникот да се доближи на 85:83. На крајот Маслинко, па двапати Хортон обезбедија конечни 91:85 за составот од Тафталиџе.
Ренсом кај поразените имаше 29 поени, Петровски постигна 16. Николов од редовите на победникот реализира 17 со 8 скока, 15 имаше Хортон, 12 Маслинко. ТФТ има чисти 4/0 на врвот, додека МЗТ Скопје 2 има 1/3 во втората половина од поредокот, на домашната табела.
