Битолчани се скроени за високи резултати сезонава, што е потврдено со убедливата победа на стартот на првенството, во Кисела Вода кај ФМП со 66:89. Да не го заборавиме триумфот во првото коло, против шампионот МЗТ Скопје Аеродром, со 82:79 во Битола.
Битолчани почнаа одлично со 11:26, се опуштија во следните два периода, за да финишираат со 9:28 во последната четвртина. Кесар имаше 19 поени, Караџовски 14, а Младеновиќ постигна 13. Крстајиќ беше најдобар стрелец кај домашните со 24 поени.
e here