Најтрофејната екипа имаше проблеми со новајлијата Феникс, во мечот од 2-то коло во кој требаше да се одиграат дополнителни минути за да се добие победникот. Домашните имаа позитива 30 минути, но во последниот период гостите реализираа 14:24 за 83:83.
Во продолжението, со 11:7, составот од Градски парк ја прокнижи втората победа сезонава. Митревски од Феникс беше најдобар поединец на мечот со 26 поени, додека Американецот Емерсон од Работнички постигна 18 поени, на кои додаде и 10 асистенции.
