Хувентуд славеше против Нантер со 88:95 и се пласира во елиминациската фаза во Еврокупот на УЛЕБ, како второпласирана екипа од групата „Е“ во Топ 16 фазата. Ненад Димитријевиќ имаше 14 поени, со две асистенции и два скока, за скоро 18 минути игра.
Шпанската екипа ќе игра против Виртус Болоња на Ѓорѓевиќ и Теодосиќ, а во другите три четвртфинални двобои ќе се сретнат Монако и Будуќност, Метрополитанс и Гран Канариа, односно руските УНИКС и Локомотив. Победникот обезбедува учество во Евролигата.
e here