Македонскиот шампион славеше против Куманово во рамките на 4-то коло во домашното првенство, со 86:71. На почетокот гостите водеа до +5, но на стартот на вториот период домаќините поведоа и не го испуштија водството до крајот, кое изнесуваше и +21.
Дамјан Стојановски имаше 25 поени, со 4 скока и 2 асистенции за 25 минути игра. Кај гостите, Каплановиќ имаше 17 поени со 6 скока и 3 асистенции. Аеродромци имаат скор 3 победи и 1 пораз, додека Куманово го има спротивниот ефект со скор 1/3.
e here