ЕВРОПА

Калјбурн најдобар на колото, Поарие рекордер

Вил Клајбурн - лево (photo: M. Serbin, cskabasket.com)

Кошаркарот на руската ЦСКА е прогласен за МВП на 5-то коло во елитното европско натпреварување. Вил Клајбурн имаше 29 поени (6/8, 3/8, 8/8) со 4 асистенции, 3 скока и извлече 7 фаули, за индекс 32, во победата на московскиот тим против Олимпијакос со 88:82.

За одбележување е достигнувањето и на центарот на Реал Мадрид, Винсент Поарие кој имаше 17 скока во победата против Фанербахче со 70:69. Ова е рекорд на Кралскиот клуб на еден натпревар во Евролига, а воедно и најмногу скокови досега, оваа Евролига сезона.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top