Тренерот на битолската екипа е свесен за натпреварувачкото ниво во АБА 2 лигата и за можностите на неговата екипа, по поразот од Ловќен со 108:85.
Честитки до кошаркарите на Ловќен за заслужената победа. Нивното искуство кое го имаат од настапите во АБА2 лигата во последните години беше сосема очигледно, одиграа квалитетно и заслужено се радуваат. Ние на хартија имаме искусни кошаркари со доволно меѓународни натпревари, но денеска се потврди дека како екипа ни недостига искуство на играње на вакви средби.
Ако го гледаме она што ни се случи, изгледа како да ни потонале сите бродови. Јасно е дека не бевме на посакуваното ниво, но можеби е добро ова што ни се случи, бидејќи ќе имаме можност да извлечеме поуки. Мислам дека имаме доволно време за да се поправиме, но најважно од се е да го имаме вистинскиот пристап.
e here