Кошаркарите на актуелниот македонски шампион му се реваншираа на битолски Пелистер за поразот на стартот на домашното првенство и со 80:64 победија во двобојот од третото коло во регионалната АБА2 лига.
Кај победникот, најдобри поединци беа Милошевиќ со 29, Вер со 13 и Крстевски со 12 поени. Кај поразените, Кесар имаше 15. В петок Мзт игра со домаќинот на балон-турнирот, а Пелистер игра со Војводина.
