Триумфот во БИБЛ лигата против Куманово е прва интернационална радост, за „младата“ (во сениорски рамки) скопска екипа, а скорот во македонската пресметка беше 59:63. Победникот на овој меч беше решен во последните моменти од натпреварот.
При резултат 59:59, Лука Стојановски погоди две од четирите слободни фрлања, а во последниот напад за кумановци Зивчевиќ ја загуби топката, по што поентира Крстајиќ. Темелковски имаше 14 поени кај победникот, Холмс имаше 13 за поразените.
