РЕГИОН

Тренерите искрени по македонското АБА 2 дерби

foto: ABA 2 Liga / Dragana Stjepanovic

МЗТ Скопје го совлада Пелистер со 80:64 во третото коло во АБА 2 лигата, а двајцата стратези беа реални во изјавите по натпреварот.

Дарко Радуловиќ (фото: ABA 2 liga, Dragana Stjepanovic)

„Пелистер е одличен тим кој многу трча, но за наша среќа немаше шутерски ден. Имавме преголем број на загубени топки (25) што мора да се коригира во иднина. Контролата на скокот и добрата самодоверба во клучните моменти го одлучија натпреварот.“ - изјави Дарко Радуловиќ, предводникот на МЗТ Скопје Аеродром.

Марјан Илиевски (фото: ABA 2 liga, Dragana Stjepanovic)

„Натпреварот го загубивме во втората четвртина. Се подготвувавме за многу поразличен пристап на играта. Немам што друго да кажам кога противничката екипа погодува сè, а ние не може да погодиме ниту слободно фрлање. Поради тоа имавме и многу проблеми во скокот и во одбрана и во напад.“ - беа зборовите на Марјан Илиевски, кормиларот на Пелистер.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top