Најтрофејната македонска екипа е далеку од времињата кога беше казнена експедиција по македонските градови, а најкошаркарскиот град последниве неколку сезони, има со што да се гордее и во новото првенство. Јончевски создаде одлична селекција, која може да гледа многу високо.
Во меѓусебната пресметка, домашните победија со 91:65. Ворку имаше 24, Ефремовски и Тодоровиќ по 13 поени за победникот. Данаиловски и Мустафица имаа по 11 за поразените. Работнички е во незавидна позиција, со оглед на скороспроведената играчка и раководна реорганизација.
e here