Конечните 67:92 (11:25, 23:25, 16:31, 17:11) беа реален одраз на силите во дуелот на овие две екипи, што се покажа од стартот и во третата четвртина, односно секогаш кога ќе му загореше под нозе на гостинот од градот на најкошарската публика во Македонија.
Ејасу Ворку, играчот што беше на радарот на Партизан, но потпиша за Задар и потоа дојде во Гостивар, беше најдобар кај победникот со 19 поени, 8 скока и 6 асистенции. По 11 постигнаа Ефремовски, Јанески и Тодоровиќ, 10 имаше Ренато Димитриевски.
Кај домашните, Митевски имаше 14 поени, а Андоновски 11.
e here