Академија победи кај Кожув со 69:76 (22:14, 15:22, 15:23, 17:17), благодарение на одличната трета четвртина, но и на втората во која се врати во живот по лошите први 10 минути. Ова е прва победа за скопската екипа, по двата воведни пораза во новата сезона.
Кај славеникот, новиот играч Ајви реализира 28 поени со 7 скока и 1 асистенција, за 29:04 минути во игра. Крстаји имаше 18 поени за гостите, додека кај домашните 19 поени со 12 скока реализира Николовски, Вилијамс имаше 19 поени, а Граниќ имаше 14 поени.
e here