Резултатот на овој меч од 4-то коло беше решен во првиот период, кога домашните остварија висока двоцифрена позитива која беше надополнета и на полувремето. Второто, беше само формалност. ФМП има 2/2, Кавадарчани имаат 1/3.
Во конечните 80:65 (27:12, 21:18, 15:19, 17:16) со 17 поени учествуваше новото засилување Ајви, 16 имаше Стојановски, 13 Крстајиќ и 10 Кошанин. Најдобар стрелец на мечот беше Џордан Калахан, од гостинскиот табор, со 22 поена.
e here