На 5 секунди до крајот на мечот меѓу Морабанк Андора и Валенсија, македонскиот плејмејкер реализира 2 поена за конечните 75:76, во рамките на 7-то коло во АЦБ шпанската лига.
Ненад Димитријевиќ имаше 14 поени и беше трет стрелец кај својот тим, зачинети со 6 скока. По оваа победа, Валенсија има учинок 4/3 и се наоѓа на седмата позиција на табелата.
