Ждрепката во Славонски Брод, каде се одржа и редовното годишно Собрание на WABA лигата, сакаше во сезоната 2021/22 нашите два претставника да почнат во различни групи. Македонска пресметка може да се случи само во плеј-офот за титулата во ова женско регионално натпреварување.
Група А: Орлови, Берое, Бадел 1862, Цинкарна Целје, Феникс, Војводина 021
Група Б: Партизан 1953, Баскет Кам, Будуќност Бемакс, Триглав, Монтана 2003, РМУ Бановиќи, Пламен Пожега
Во 1-то коло на 22 септември, во Македонска Каменица гостува Пламен Пожега, а на 29-ти септември кај Бадел доаѓа Цинкарна од Цеље. Првите 4 екипи од двете групи одат во Суперлигата со пренесени резултати, а најдобрите четири ќе играат на ФФ на 19-ти и 20-ти март, 2022 година.
e here