Покрај Дамјан Стојановски, кој има уште една година од лани потпишаната обврска со штрковите, управата на металците во изминатиов период работеше на обнова на договорите и со најзаслужните за освојување на двојната круна минатата сезона.
Сината екипа и во иднина ќе биде предводена од Дарко Радуловиќ, кој успешно седна на клупата кон средината на март и го предводеше тимот до посакуваниот успех, откако потпиша нов едногодишен договор со гордоста на Аеродром.
Во екипата најмалку до крајот на следната сезона ќе бидат и Бојан Крстевски и Адем Мекиќ, кои исто така ја продолжија соработка. Потпис на двегодишна соработка со МЗТ Скопје стави и Дамјан Робев (24 год, 195 см), зад кого е одлична сезона во Куманово.
Меѓу првите со кои преговараше аеродромскиот клуб е и плејмејкерот Андреј Магдевски, кој беше избран за МВП на финалната серија од плејофот и кој од управата добил побогата понуда во однос на тоа што го имал претходно.
НАПОМЕНА: преземено од mztskopjeaerodrom.mk
