Нашата женската сениорска репрезентација беше поразена со убедливи 73:41 во Хале, на стартот на квалификациите за ЕП 2023. Имавме добро прво полувреме, водевме со 26:30, но потоа излезе на површина нашата кратка и неискусна ротација, односно силата на противникот.
Германките го завршија натпреварот со двојно повеќе прифатени топки, имаа 48/24 во вкупниот број скокови. Следниот меч за македонската А селекција е пресметката со Босна и Херцеговина, во Скопје на 14-ти ноември, со почеток во 19:00 часот. Натпреварот се игра во СРЦ Кале.
