МАКЕДОНИЈА

Трајчевска и Ашаданов оптимисти пред квалификациите за ЕП 2023

foto: FIBA

Нашата репрезентативка и селекторот го изразија задоволството од присуството во репрезентацијата и најавија дека ќе се игра на максимум во овој циклус, кој води на следниот континентален собир.

„Oваа репрезентација е многу подмладена. Има девојки кои првпат се сениорки. Меѓутоа, ќе го дадеме најдоброто од себе, работиме да ги санираме повредите, па со добра игра и атмосфера да дадеме солиден отпор и да се бориме за победите.“ - рече Трајчевска.

Првиот на клупата на Македонија, ги познава Германките од претходниот квалификациски циклус кога игравме со нив, а тој беше помошник во националниот состав.

„Огромна е честа да бидам селектор на националниот тим, затоа што се работи за нашата земја. Сакам да дадам голема благодарност на сите кои се појавија на овој собир и сакаат да работат и да победуваат. Се надевам дека сите повреди ќе ги надминеме и ќе бидеме спремни за првиот дуел со Германија. Мал хендикеп ќе ни биде отсуството на Кметовска која кај нас е еден од најдобрите центри. Германките имаат играчи во WNBA и Евролигата, но јас сум преголем отпимист и ќе се обидеме да ги искористиме нивните слабости.“ - рече селекторот.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top