Екипите кои се најсериозни канидати за место на главниот турнир, чија бројка ќе се пополни по квалификациските кои се играат во четири земји, забележаа триумфи во првите одиграни средби. Само победниците на турнирите, кои се играат во две групи, ќе се пласираат на ЛОИ.
Во Белград, домаќинот Србија се мачеше во текот на три четвртини, но во последната го скрши отпорот на Доминиканците. Порторико службено победи против Сенегал, затоа што африканската репрезентација го откажа учеството поради ковид-позитивни во таборот.
Во Сплит, во првиот натпреварувачки ден се радуваа Германците и Бразилците, против Мексиканците и Тунижаните. Литванија беше подобра од Венецуела во Каунас, Полска ја совлада Ангола. Грција очекувано, ослабена, загуби од Канада во Викторија, а Турција го победи Уругвај.
Белград (Србија)
Доминиканска Р. – Србија 76:94
Порторико – Сенегал 20:0
Сплит (Хрватска)
Германија – Мексико 82:76
Тунис – Бразил 57:83
Каунас (Литванија)
Литванија – Венцуела 76:65
Полска – Англоа 83:64
Викторија (Канада)
Грција – Канада 91:97
Уругвај – Турција 86:95
