МАКЕДОНИЈА

Баскет КАМ и Бадел 1862 ги дознаа противниците

Фотографиите се сопственост на КК Баскет Кам и не смеe да се користат без дозвола на медиумот basketball.mk или клубот.

Ждрепката во Славонски Брод, каде се одржа и редовното годишно Собрание на WABA лигата, сакаше во сезоната 2021/22 нашите два претставника да почнат во различни групи. Македонска пресметка може да се случи само во плеј-офот за титулата во ова женско регионално натпреварување.

Група А: Орлови, Берое, Бадел 1862, Цинкарна Целје, Феникс, Војводина 021

Група Б: Партизан 1953, Баскет Кам, Будуќност Бемакс, Триглав, Монтана 2003, РМУ Бановиќи, Пламен Пожега

Во 1-то коло на 22 септември, во Македонска Каменица гостува Пламен Пожега, а на 29-ти септември кај Бадел доаѓа Цинкарна од Цеље. Првите 4 екипи од двете групи одат во Суперлигата со пренесени резултати, а најдобрите четири ќе играат на ФФ на 19-ти и 20-ти март, 2022 година.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top