Дуелот на два од претендентите за балканскиот трон, заврши со триумф на актуелниот шампион. Домаќинот водеше на полувремето со +8, гостите имаа 8:18 во рамките на третиот период, но во последниот црвено-белата машинерија го покажа квалитетот, пред се дефанзивниот, за конечните 71:63.
Серијата 13:0 на стартот на последната четвртина, беше клучот за победата. Повратникот Лука Митровиќ беше човек на натпреварот, со 19 поени, 7 скока и индекс 21, во победничката екипа. Црвена звезда игра силно како колектив - имаше вкупно 20 тимски асистенции, наспроти 12 на гостите.
e here