Ја одбележа најславната сезона на Будуќност, со триумф во АБА лигата во финалето против Црвена звезда. Создаде компактна и воинствена екипа, која се бореше подеднакво и дома и на гости.
Составот од Морача под негова палка постави евролигашки рекорд за постигнати тројки на еден натпревар (21, 2018), а Подгорица го засака кога го грабна микрофонот од водителот и рече „Ова не е театар, бре!“.
Александар Џикиќ, поранешниот селектор на Македонија, се врати на клупата на црногорскиот гигант, во обид повторно, заедно, да се вратат во европските височини. Им посакуваме среќа!
