РЕГИОН

Звезда остана перфектна по дербито со Будуќност

ФОТО: AdmiralBet ABA League/Dragana Stjepanovic

Дуелот на два од претендентите за балканскиот трон, заврши со триумф на актуелниот шампион. Домаќинот водеше на полувремето со +8, гостите имаа 8:18 во рамките на третиот период, но во последниот црвено-белата машинерија го покажа квалитетот, пред се дефанзивниот, за конечните 71:63.

Серијата 13:0 на стартот на последната четвртина, беше клучот за победата. Повратникот Лука Митровиќ беше човек на натпреварот, со 19 поени, 7 скока и индекс 21, во победничката екипа. Црвена звезда игра силно како колектив – имаше вкупно 20 тимски асистенции, наспроти 12 на гостите.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top