Скопската екипа славеше на гостувањето кај Кожув со 77:88. Најдобар поединец на мечот беше американскиот интернационалец Хортон кој постигна 24 поени, додека кај поразената екипа се издвои хрватскиот Граниќ, кој реализира поен помалку.
Ангели немаа сила да изненадат во првото коло кај Куманово, домаќинот победи со 73:64. Американците беа во фокусот – Ола Самбри постигна 18 поени за гостите, додека кај домашните Холмс, Џозеф и Мендерсон имаа 16, односно по 14 поени.
