Екипите на Бадел 1862 и Баскет Кам славеа во првите одиграни мечеви во рамките на новата сезона, во прволигашката конкуренција кај дамите во Македонија.
Најтрофејниот ја отвори сезоната со триумф против Крива Паланка, по двата тешки меча во WABA лигата, додека составот од Каменица победи против Пробаскет.
Резултати:
Бадел 1862 - Крива Паланка 87:61
Баскет Кам - Пробаскет 99:58
Работнички - Струга 49:78
МЗТ Скопје - Вардар 40:73
Веќе во второто коло, треба да се одигра натпреварот меѓу Баскет Кам и Бадел 1862.
e here