ЕВРОПА

Валенсија испиша историја во женската кошарка

фото: FIBA

Шпанската екипа за првпат во својата историја триумфира во Суперкупот на Европа, организиран под капата на ФИБА, со победата против Екатеринбург со 75:68 во својата сала.

МВП на дуелот беше Кристина Овиња која постигна 11 поени, со 9 асистенции и 5 украдени топки, но наградата ја доби главно поради лидерската улога што ја покажа на мечот.

FOTO: FIBA

Актуелниот владетел во Еврокупот славеше против победникот во Лигата на шампионите и ја прекина 4-годишната доминација, на руските клубови во ова натпреварување.

На вкупно 10 досегашни изданија, руските клубови триумфираа 7 пати, а Екатеринбург имаше две титули по ред, односно четири на претходните 6 европски Суперкуп турнири.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top