Натпреварот што се одигра во рамките на 1-то коло во најквалитетното европско клупско натпреварување, Евролига (ж) во организација на ФИБА Европа, имаше и македонски претставник. Нашиот делегат Диме Терзовски, беше прв човек на големото турско и европско дерби, дуелот меѓу Галатасарај и Фенербахче.
FOTO: FIBA
„Искуството да се биде дел од едно вакво натпреварување и ваков натпревар, е уникатно. Во салата беа присутни околу 700 лица, во публиката, поради ковид протоколите во Турција. Од страна на организаторот домаќин, во случајов Галатасарај, организацијата беше беспрекорна.
FOTO: FIBA
Се врати чувството од нашите првенствени натпревари и натпреварите ширум балканските земји, од пред Ковид-19 пандемијата, пред 2 години. Иако ова беше натпревар во рамките на европско натпреварување, сепак и на теренот и на трибините, се почувствува жар и страст во играта и во навивањето, како што може да се почувствува само кога балканската крв ќе зоврие.“
FOTO: FIBA
Во второто полувреме, Фенербахче како гостин направи резултатска разлика и победи со 69:89. Стекнатото искуство од вакви и слични натпревари, секако е големо и треба да биде пренесено на нашите терени, со цел унапредување на организацијата на натпреварите во нашите лиги.
e here