МЗТ Скопје во Аеродром славеше против Кожув со 89:71 во рамките на второто коло од домашниот шампионат и сега има скор 1/1, додека гевгеличани имаат два пораза по воведните две рунди.
На почетокот беше изедначено, но многу брзо штрковите се освестија и наметнаа свој ритам. На полувремето имаа убедлива предност од +17 (49:32), додека конечниот резултат беше само рутина.
Хуан Дејвис имаше 14, по 12 поени имаа Дастин Вер и Дамјан Стојановски. Кирил Николовски за гостите постигна 29. Второто коло ќе се комплетира со натпреварите кои ќе се одиграат викендов.
2-коло:
Работнички – Феникс (сабота)
ФМП Академија – Пелистер
Гостивар – Куманово
ТФТ – Еуро Никел
Ангели – МЗТ Скопје 2 (недела)
